Време е да станам татко?

Замислете го ова: се подготвувате за една од најголемите одлуки во животот и сакате да го дадете најдоброто од себе, сакате да станете татко. 

Идејата да се биде родител носи посебна возбуда. Помислата да го држите вашето дете за прв пат, да го водите низ животните авантури и да го гледате како расте е една сосема поинаква животна цел. Би се согласиле дека оваа мисла поттикнува нешто длабоко во вас.

Сепак, за многумина патот до родителство е потежок отколку што претпоставувате. Приближно еден од осум парови доживуваат неплодност, а во околу 40% од овие случаи, вие сте оној на кој му е потребна помош. Ова значи дека околу 15% до 20% од мажите во општата популација се соочуваат со проблеми поврзани со плодноста. Нарушувањата на машката плодност најчесто се должат на намалениот квалитет на спермата, што е еден од клучните фактори кога планирате да имате дете. Оваа тема честопати е табу и не се споделува. Ние сакаме да го промениме тоа.

Сакаме да зборуваме за вашето репродуктивно здравје. За предизвиците со кои се соочувате на патот да станете родители и за квалитетот на спермата како важен предуслов за истото. Сакаме да ве поддржиме во ова патување и да се осигуриме дека сте во најдобра форма, како?

Преку природна поддршка поттикната од урамнотежена исхрана богата со микронутриенти. Веруваме дека звучи неверојатно, но научните студии веќе одамна го потврдија тоа. Плодноста може да биде поддржана од микронутриентите кои природно се присутни во нашата храна, а имаат позитивен ефект врз клеточната делба и сперматогенезата, пред сè поради нивните нутриционистички карактеристики.

Но, тука сигурно ќе прашате: кога и како ќе знаете во колкаво количество ги внесувате истите? Која храна треба почесто да ја консумирате? 

Ние го направивме тоа за вас. Препознавме дека ефектите на поединечните микронутриенти се надополнуваат едни со други и дека вистинската комбинација е од суштинско значење за вас. Така, го создадовме Orthomol Fertil plus. 

Цинкот во Orthomol Fertil plus придонесува за нормална плодност и репродукција, но и одржување на нормалното ниво на тестостерон во телото. Селенот пак, е одговорен за поддршка на нормалната сперматогенеза, а заедно со бакарот, витаминот C, витаминот Е и цинкот придонесува и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Од друга страна пак, моќта на ортомолекуларната формула се состои и во богатото количество на витамините B6, B12 и D, кои придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеинот и клеточната делба.

Заедно со сите останатите важни состојки, во кои влегуваат и Л-карнитинот, коензимот Q10 и омега-3 масните киселини, Orthomol Fertil plus ги подобрува шансите да основите семејство, преку директно подобрување на квалитетот на спермата од аспект на трите клучни параметри: подвижност, форма и густина. Како најдобро да го сфатите тоа? Како засилување за вашите пливачи, опремувајќи ги со енергија, еластичност и сила потребна за да стигнат до нивната крајна цел – јајце клетката.

Сите знаеме дека полесно е да се каже отколку да се направи, но ве предизвикуваме да се обидете. Со мали, но значајни промени во животниот стил и поддршка од Orthomol Fertil plus, вашето патување ќе добие нова смисла. 

До следната објава.

Вашиот Orthomol

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари

Orthomol

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на

Orthomol

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.