Бремена и моќна. Зошто секоја мајка зборува за Orthomol Natal?

Здраво, прекрасни идни мајки!
Мора да признаеме дека веќе го имате неверојатниот сјај кој го носи бременоста. Едноставно, мајчинството прави да се чувствувате поубаво, зар не?
Периодот пред, за време на бременоста, но и доењето се навистина посебни фази во животот на многу мајки. Веќе со сигурност го замислувате и првото „мамо“. Возбудата е секогаш голема.
Но дали слушнавте? Се чини дека Orthomol Natal е главна тема во преднаталните разговори на многу мајки. Ние би се согласиле. Затоа од нас може честопати да слушнете дека микронутриентите се голема радост за секоја трудница. Радост, која може да се постигне со многу мала поддршка од наша страна.

Да тргнеме од почеток. Доколку сте целосно искрени би се согласиле дека желбата за одредена храна за време на бременоста знае да биде голема. Можеби чизкејк? Сладолед? Многу мајки би ја зголемиле оваа листа со вкусови и желби кои вообичаено и не ги посакувале пред бременоста.
Едно е сигурно, потребите за енергија кај трудниците се зголемуваат за околу 200 до 300 калории на ден, приближно за плус 13%, почнувајќи од четвртиот месец на бременоста. Но тоа истовремено значи дека и желбата за одредена храна за време на бременоста, може да доведе до не избалансирана исхрана, сиромашна со микронутриенти.

Земајќи го тоа во предвид, ние го создадовме Orthomol Natal. Граничен производ кој не само што го поддржува вашето здравје, туку и го надополнува со избалансирана комбинација од витамини, минерали и есенцијални хранливи материи кои ја покриваат секоја нутритивна потреба што ја имате вие и вашето бебе. Ние ја нарековме тајната зад поздрава и посреќна бременост. Зошто?

Orthomol Natal нуди сеопфатно снабдување со сите микронутриенти кои се препорачуваат за време од пред зачнувањето, па сѐ до завршувањето со доење. Помага вашата бременост да се одвива непречено, го поддржува здравиот развој на вашето дете, истовремено овозможувајќи ви да останете во добра благосостојба во текот на сите три фази. Не заборавајќи дека вашето тело работи со „полна пареа“, ние се осигуравме да создадеме производ кој ќе му обезбеди на вашето тело доволна количина на сето она што му е потребно.

Пред бременост
Балансирана исхрана со сите потребни микронутриенти кои не секогаш може да ги обезбедите преку исхраната можат значително да ја подобрат вашата плодност.

Бременост
За време на бременоста, но и откако ќе се породите на вашето тело му е потребна балансирана комбинација на микронутриенти кои ќе ја зајакнат ваша психолошка и физичка благосостојба.

Доење
Додека доите пак, потребни ви се дополнителни микронутриенти бидејќи покрај вашите, вие мора да ги задоволите и барањата на вашето бебе преку мајчиното млеко, кое во тој момент е најважниот извор на хранливи материи за правилен раст и развој.

Веќе со сигурност сте љубопитни да ги дознаете сите нутритивни карактеристики на Orthomol Natal? Прочитајте повеќе на нашата веб страна, а во меѓувреме не заборавајте да се придружите на нашата заедница на моќни мајки.

Останете моќни.
Останете супер-мајки!

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.