Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона која носи многу радост, но и многу предизвици. Еден од нив е токму нашиот имунитет, или како што ние честопати сакаме да го наречеме нашата природна, севкупна имунолошка одбрана.
 
За време на зимскиот период, нашиот имунолошки систем се соочува со потежок предизвик од вообичаеното. Студеното време, пократките дневни часови и помалата влажност, создаваат совршени услови за развој на вируси, како грипот и настинките.

Дополнително, многумина имаат тенденција да поминуваат поголем дел од времето во затворени простории, зголемувајќи ја изложеноста и ширењето на бактериите. И покрај ова, пократките денови носат и други предизвици. Па така, недостатокот на сончева светлина во текот на зимските месеци може да доведе до дефицит на витамин D, витална хранлива материја која игра клучна улога во функцијата на нашиот имунолошкиот систем. Како друг главен фактор е и неурамнотежената исхрана. За време на зимските денови, исполнети со многу празнични моменти, стануваме помалку внимателни за типот и количината на храна која ја консумираме, особено онаа која е богата со микронутриенти, клучни за имунолошката компетентност на нашиот организам.
 
Но, кои се тие микронутриенти и зошто се толку значајни за нашиот имунолошки систем во зима? Дел од микронутриентите вклучени во процесите за создавање на природна имунолошка одбрана ги вклучуваат: витамините А, C, D и E и елементите во трагови, како селенот и цинкот. Овие компоненти имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и активирање на одбраната од микробите, како што се бактериите и вирусите.
 
Витаминот C на пример, е познат по своите антиоксидантни својства и неговата способност да го стимулира производството на бели крвни зрнца, кои помагаат во борбата против инфекциите.
 
Витаминот D пак, познат како „витамин на сонцето“, има суштинско значење во процесот на активирање на имунолошките одговори на нашиот организам и во намалување на воспалението.
 
Од друга страна пак, цинкот го поддржува развојот и функцијата на имуните клетки и му помага на телото да се бори против инфекциите. Селенот има антиоксидантни својства кои ги штитат клетките од оштетување, а исто така игра клучна улога и во одбранбените механизми на телото.
 
Кога станува збор за железото, тоа е од суштинско значење за транспортот на кислород во крвта и поддршка на производството на имуните клетки.
Недостатокот на било кој од овие микронутриенти може да го ослаби имунолошкиот систем, а со тоа и неговата способност за одбрана.
 
Нашата задача во Orthomol е да се осигуриме дека вие, вашето семејство и вашите најблиски можете целосно да се препуштите на убавините на снежната сезона. На планинските прошетки, на спортските авантури и на сѐ она кое ве прави среќни. Без настинки, здодевни вируси и денови поминати дома.
 
Како комбинација од 25 микронутриенти меѓу кои, витамини, фитонутриенти и елементи во трагови, нашиот Orthomol Immun ја зајакнува имунолошката одбрана одвнатре и му овозможува на вашето тело урамнотежена секојдневна поддршка. Ние го нарекуваме чувар на вашето здравје.
 
Затоа, оваа зима, не го оставајте вашиот имунитет на случајност. Одвојте миг да го подготвите за она што ви претстои, преку соодветна нутритивна поддршка.
 
Останете силни. Останете здрави.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

ORM-WebHero-090202

Здрава исхрана? Се разбира дека да!

Како да го промениме мислењето за здравата исхрана кај децата? Драги родители, ќе се согласите дека честопати подготовката на хранлив и избалансиран оброк за нашите мали супер херои е тешка битка. Мамо, не јадам брокула! Не сакам ни морков! Во едно сме согласни, нашите деца велат дека обожуваат вкусна храна,

Orthomol
ORM-WebHero-090102

Подготвени за училиште?

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили.  Со едно ќе се согласите: силниот имунитет

Orthomol
ORM-WebHero-080102

Микронутриенти: микротитани за оптимално здравје

Доколку мислевте дека витамините и минералите се оние мали ситници за кои честопати нашите мајки знаеја да бидат здодевни, размислете повторно. Микронутриентите се од суштинско значење за нашето здравје и навистина прават значајна разликата помеѓу тоа дали се чувствуваме одлично или како повеќето денес би рекле „онака“.  Прашањето е, што

Orthomol
ORM-WebHero-070304

Ортомолекуларна медицина: поедноставно е од што звучи

Ќе се согласите дека модерната потрага по здравје и виталност знае да биде исцрпувачки процес. Процес со неограничен избор на опции и прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба. И навистина, зар не чувствувате дека потрагата станува секојдневен предизвик, кој честопати прави да се чувствувате како да сте на самиот

Orthomol

Како влијаат утрата на здравјето?

Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година? Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.