Колку го познавате вашето срце?

Сите го знаеме она добро познато чувство – чувство кога срцето ни забрзува од некоја ненадејна посета, возбудлив филм или неочекувана информација, а можеби и прегратка. Но, дали некогаш сте размислиле колку навистина го познавате овој неверојатен орган?

Како централен дел од циркулаторниот систем, срцето е еден од најважните органи во нашето тело, но и еден од најфасцинантните. Срцето е орган кој работи 24/7, а неговата големина е приближна на само една човечка тупаница. Сепак, и покрај неговата симболична големина во споредба со остатокот на нашето тело, срцето успева секојдневно да чука седумдесет и два пати во минута, или речиси сто илјади пати дневно. Тоа се приближно триесет и пет милиони отчукувања годишно. Замислете, дневно срцето создава енергија која би можела да биде доволна за еден камион да вози цели триесет и два километри.

Како еден од најкомплексните и веројатно највиталните органи во телото, срцето управува и е буквално одговорно за речиси сите делови на нашето тело. Преку аортата или главната и најголема артерија во организмот, срцето ја спроведува крвта богата со кислород и сите потребни хранливи материи во организмот. Замислете, околу дваесет проценти од целата испумпана крв се насочува директно кон мозокот, дваесет и пет проценти пак, навлегуваат во бубрезите, каде се филтрираат разните отпадни материи, а остатокот се распределува во белите дробови, црниот дроб и во другите витални органи. Оттука, разбирањето на овој проток, всушност е и главниот начин како може да разбереме, дали и колку доволно правиме за да го одржиме неговото здравје.

Прашањето е колку навистина размислуваме на оваа тема?

Велат, здравјето на срцето е всушност прашање за начинот на живот. Како го менаџираме стресот? Начинот на кој пристапуваме кон грижата за сопствената благосостојба, но и дали водиме сметка за исхраната, физичката активност и грижата за нашето тело.

Поставете си ги едноставните прашања како: колку често го оставам автомобилот и одбирам да пешачам до работното место? Или, колку често внимавам на исхраната, алкохолот и цигарите?

Запомнете, грижата за сопственото срце значи грижа за сопствениот живот.

Во нашата следна објава ќе зборуваме токму на оваа тема, истражувајќи ги специфичните микронутриенти кои можат значително да го зајакнат вашето кардиоваскуларно здравје.

Дотогаш, одвојте момент да го цените вашето срце и да се заложите повеќе за неговата целокупна благосостојба.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари

Orthomol

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на

Orthomol

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.