Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти.
 
Но ние знаеме дека бременоста во најтоплите месеци од годината не е лесна и може да биде физички и емоционално предизвикувачка.
 
Потењето, отечените нозе, исцрпеноста, промените во апетитот и честата жед се реалност за многу идни мајки. И тоа е во ред, бидејќи бременоста, особено во лето, бара малку поинаква дисциплина, тоа значи да го слушаш телото и да прифатиш дека ова е време кога твојот најголем приоритет си токму ти.
 
И сигурно ќе прашаш: „Но зошто ја чувствувам оваа постојана топлина? Ме следи постојано каде и да сум?“
 
Бремените жени природно имаат зголемена циркулација и побрз метаболизам. Тоа значи дека во лето, кога температурите достигнуваат и до триесет и пет целзиусови степени, твоето тело чувствува како да има сопствена температура дури и до четириесет целзиусови степени. Од оваа причина се јавуваат и најчестите летни тегоби, како проблемот со отечени стапала, чувството на тешки нозе, па дури и лесната вртоглавица при подолг престој на сонце.
 
Но сè почнува со малку поголема грижа за себе. Така, во текот на долгото лето, водата е твојот најдобар пријател. Не ја чекај жедта. Пиј редовно, на секои триесет до шеесет минути, дури и кога не чувствуваш жед. Ладен, незасладен чај или освежителни напитоци со лимон и краставица можат да ти помогнат да ја одржиш хидратацијата, овозможувајќи ти да се чувствуваш лесно, хидрирано и свежо.
 
Летото и високите температури понекогаш ќе го предизвикаат и твоето расположение. И додека има денови кога се чувствуваш особено емотивно и тешко, ќе има и денови исполнети со смеа, позитивна енергија и ведри мисли за новиот живот што следи.
 
Твоето тело се менува и тоа е навистина прекрасно. Хормоните, но и потребата од повеќе одмор се тука со посебна причина. Твојот организам работи 24/7 на создавање нов живот. Земи пауза и овозможи си простор за почест одмор. Приспособи ја дневната рутина според температурите во текот на денот и организирај прошетки наутро или навечер кога надворешната температура се намалува. Избери памучна и широка облека и едноставно диши.
 
Во сите тие моменти кога си уморна, потиштена, раздразнета, гладна, ама не знаеш за што, кога копнееш по сон, тишина или само една голема воздишка, запомни: сè што правиш сега, го правиш за двајца.
 
Ти веќе го правиш најважното носиш живот и живееш со цел. И токму затоа, кога вложуваш толку љубов, внимание и енергија во секој ден од ова патување, заслужуваш поддршка што ќе те следи во иста мера.
 
Orthomol Natal е природно продолжение на сето она што го правиш за себе. Во комбинација од омега-3 масни киселини (ДХА), витамин D3, култури на бактерии од млечна киселина и сите останати есенцијални микронутриенти, со Orthomol Natal се погриживме да бидеме секојдневна поддршка на твојата бременост и здравиот развој на твоето бебе.
 
Нашата цел беше да ја поддржиме твојата благосостојба, помагајќи ти да се чувствуваш силно, стабилно и спокојно, дури и во најтоплиот период од годината.
 
Ова е твоја сезона. Носи ја со гордост, љубов и доверба во себе.
И запомни: не си сама на овој пат.
 
До следната објава,
Твојот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец јуни

Замор?Не повеќе! Доколку сте дел од нашата Orthomol заедница ова веќе со сигурност сте го слушнале. Едно е сигурно: нашите заложби за поголема виталност продолжуваат и овој месец, во кој го славиме летото и убавината на новата сезона. Искористете го промотивниот попуст на специфичната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.